📽️ БРАНОВИ, БАРИКАДИ И ВОДА ВО ДОМОВИТЕ ВО ДАЛМАЦИЈА Ваков циклон не е виден со децении
Морето навлезе во куќи и деловни објекти долж далматинскиот брег, а нестабилното време со силен ветер и дожд продолжува и во наредните денови.
Далмација се разбуди со морска вода во подрумите и со барикади на праговите. Југостичен ветер го покачи нивото на морето и ја поттурна водата предизвикувајќи крајбрежни поплави.
– Морето влезе во сите згради, граѓаните си помагаат едни на други. Оние што не се покрај морето се спуштаат да им помогнат на пријатели и роднини – изјави жител од Каштел Нови.
Најсилен удар почувствувале жителите во Каштела. Пожарникарите примиле околу 50 пријави за влегување на морето во куќи, ресторани и во други објекти покрај брегот. Интервенциите биле можни само подалеку од морето.
До повлекување на нивото, дел од зградите останале недостапни.
Бурата започнала околу 20 часот. Налетите на ветер достигнале до 60 километри на час. Температурите биле околу 10 степени. Жителите минале бессона ноќ редејќи вреќи и импровизирани прегради.
Проблеми биле забележани и во Сплит, Шибеник, Водице и на Паг. Во Сплит немалопоголеми поплави, освен вообичаени тешкотии на дел од патиштата поради затнати шахти. На Зента брановите се кршеле од брегот и се излеваа преку шеталиштето.
Долац во Шибеник бил поплавен. Морето навлезе во подрумите и во приземјата. Во Водице се потопил кејот. На Паг водата го преминала крајбрежниот ѕид и стигнала до куќите.
Нестабилното време во Хрватска веројатно ќе продолжи и во втората недела од февруари. Дневните температури ќе се движат меѓу 5 и 10 степени, а на море од 11 до 15.
Сообраќајот во Хрватска трпи последици. Патиштата се влажни и лизгави. Можно е задржување вода. Поради ветерот, дел од фериботските и катамаранските линии се прекинати. Меѓу нив се катамаранот Убли Корчула Дубровник и бродската линија Дубровник Колочеп Лопуд Суѓурац.