Бранко е крив, навистина е крив!

Тој е крив што изминативе години владеевте криминално, неспособно, арогантно, без никакви резултати, со многу скандали и циркузи.

7,736

Некои исфрустирани ликови деновиве лиферуваа информации дека Бранко Црвенковски бил виновен што СДСМ катастрофално ги изгуби локалните избори.

Точно е тоа, и јас мислам така…
Тој е крив што ви ја остави партијата на тацна.
Тој е крив што изминативе години владеевте криминално, неспособно, арогантно, без никакви резултати, со многу скандали и циркузи.
Тој е крив што не ги затворивте криминалните структури од „режимот“.
Тој е крив што не проработи бројчаникот.
Тој е крив што направивте институциите да не функционираат.
Тој е крив за несоодветната кадровска екипираност.
Тој е крив за „Рекет“, за Рашковски, за Ден Дончев и за многу други криминални афери.
Тој е крив за сè што ветивте, а ништо не испорачавте.
Тој е крив за огромното незадоволство кај граѓаните.
Да, крив е и за ланскиот снег.
Само вие сте прави…
Какви исфрустрирани ликови!

 

 






(ФБ статус на авторот)
Поврзани содржини