Српскио актер и политичар Бранислав Лечиќ објави во видеопораката дека добил покана в петок да сведочи во Вишото јавно обвинителство во Белград во врска со обвинувањата на неговата колешка Даниела Штајнфелд, дека ја силувал на 7 мај 2012 година.
Штајнфелд допатува минатата недела од Америка за да даде изјава во Вишото јавно обвинителство во Белград, а како еден од доказите актерката ја достави снимката од разговорот што го снимила со Лечиќ неколку години по силувањето. По тој повод Лечиќ изјави дека ќе се бори да ја докаже вистината доколку е потребно и на полиграф.
Актерот вели дека немал никаква интимна или љубовна врска Штајнфелд, освен деловна.
„Не барам ништо друго освен она за што разговараме да биде на местото каде што се професионалци и каде се одлучува на сериозен и законски начин“, рече Лечиќ.