Бранислав Лечиќ ослободен од сите обвиненија за силување, обвинителството го отфрли приговорот на Даниела Штајнфелд
Заменик на апелацискиот обвинител го отфрли приговорот на адвокатот на актерката Даниела Штајнфелд на одлуката за одбиената кривична пријава против актерот Бранислав Лечиќ, објави порталот „Република.рс“.
Тоа сега значи, додаваат тие, дека Лечиќ и правосилно е ослободен од обвинението за силување.
Да потсетиме, Штајнфелд во неколку наврати изнесе низа драматични обвинувања против Лечиќ, а кривична пријава беше поднесена до Вишото обвинителство во Белград.
Во својата изјава, таа тврдеше дека Лечиќ ја однел со автомобил надвор од Белград и сексуално ја злоставувал.
Меѓутоа, Обвинителството ја отфрли кривичната пријава на Даниела Штајнфелд, бидејќи не постоеја основи за сомневање дека споменатото кривично дело е сторено, ниту кое било друго кривично дело за кое гонење се презема по службена должност.