ГРАДЕЖНИШТВО БЕЗ ЛУЃЕ, САМО СО РОБОТИ И 3Д-ПРИНТЕРИ Кина прави пробив, клучот е во вештачката интелигенција
Централната вештачка интелигенција ќе ја пресмета оптималната рута што ќе ја следат камионите и така вистинскиот материјал ќе заврши на вистинското место во вистинско време. Таму материјалите ќе бидат лоцирани со роботски булдожери и асфалтни поплочувачи и ќе се претворат во слој од структура на брана. Автоматските ролери ќе го притискаат овој слој додека не се зацврсти. Ролерите ќе имаат сензори кои ќе ги анализираат вибрациите на почвата и други податоци за следење на квалитетот на градбата.
Без градежни работници, само со 3Д-принтери и роботи управувани од вештачка интелигенција ќе биде изградена нова брана Јангку во Тибет, а кинеските власти сметаат дека може да биде завршена за две години, пишува СаутЧајнаМорнингПост. Освен што материјалите ќе се печатат дел по дел, како што ќе се гради, ова значи дека сите багери, камиони, булдожери, ролери и машини за асфалт ќе бидат компјутерски управувани од паметен софтвер, а не од човек.
Браната Јангку ќе може да испраќа околу пет милијарди киловат-часови електрична енергија годишно од горниот тек на Жолтата река до Хенан, провинција со население од приближно 100 милиони жители. Електричната енергија ќе патува низ високонапонска линија долга 1.500 метри, изградена исклучиво за пренос на одржлива енергија.
– После години на развој и тестирање на 3D технологии за изградба на голема инфраструктура, таа е зрела за масовна примена. Ќе ги ослободи луѓето од напорна, повторлива и опасна работа“, рече водечкиот научник на проектот Лиу Тијанџун. Во рецензирана научна статија за магазинот Tsinghua University.
Во написот Лиу и неговиот тим ги наведоа предностите на нивните откритија во областа на вештачката интелигенција. Сега машините ќе можат да ги препознаваат речиси сите предмети на самото место, да се справуваат со несигурностите во околината и флексибилно да извршуваат различни задачи.
Што е најважно, посочуваат дека нема да прават човечки грешки. Лиу тврди дека возачите на камиони често доставувале материјал на погрешни локации, додека ударите и силните вибрации ги спречувале возачите на ролери да ја направат патеката целосно рамна. Исто така, повеќето работници не можеле точно да ги прочитаат техничките упатства.
Покрај тоа, познато е дека работната средина е опасна по живот, па овие роботи ќе ги спасат луѓето од главоболки предизвикани од недостатокот на кислород или исцрпеност по цел ден на работа.
– Вештачката интелигенција базирана на знаење, информации и податоци е нова алатка која ќе ја обликува нашата иднина – рече Лиу.
Лиу дошол на идеја да печати големи градежни проекти со колегите пред околу десет години. Идејата беше целото градилиште да се претвори во огромен печатач со голем број на автоматизирани машини кои заедно ќе работат беспрекорно. Печатачот првенствено бил развиен како алтернатива што произведува помалку отпад од сечење и мелење скапоцени материјали.
Некои архитекти почнаа да ја користат оваа технологија за згради, но сите претходни проекти беа мали. На пример, седиштето на Дубаи Фондацијата за иднината, првата зграда направена со 3Д печатење, е високо само шест метри.
До неодамна, вештачката интелигенција имаше само улога на координатор во проектите. Сега таа комплетно ги заменува работниците. Иако Кина е рекордер по изградба со човечки персонал и, на пример, ја изгради втората брана по големина во светот за четири години со градежни работници, многумина се сомневаа дека тие работеле во тешки и опасни услови. Сега ова ќе се промени.
Значи, како ќе се одвива градењето на новата брана Јангку? Па, прво вештачката интелигенција ќе „пресече“ компјутерски модел на браната на слоеви. После тоа, проектот би им бил „доделен“ на роботите, кои ќе додаваат слоеви еден по еден. Беспилотните багери ќе можат да препознаат и да товарат материјал од складиштето во возниот парк на автоматизирани камиони. Некои од нив ќе се напојуваат со електрична енергија.
Централната вештачка интелигенција ќе ја пресмета оптималната рута што ќе ја следат камионите и така вистинскиот материјал ќе заврши на вистинското место во вистинско време. Таму материјалите ќе бидат лоцирани со роботски булдожери и асфалтни поплочувачи и ќе се претворат во слој од структура на брана. Автоматските ролери ќе го притискаат овој слој додека не се зацврсти. Ролерите ќе имаат сензори кои ќе ги анализираат вибрациите на почвата и други податоци за следење на квалитетот на градбата.
Сите градежни работи на браната нема да се вршат со машини. Ископувањето на камења од блиските планини ќе се врши рачно поради сложеноста на задачата. Но, тоа е единствената рачна работа во целиот проект.
Тимот забележува дека новата технологија може да се користи и во други инфраструктурни проекти, на пример во изградбата на аеродроми и патишта.