БРАН СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ЕДЕН ДЕН Пет лица приведени низ државата

Во повеќе градови низ земјава биле пријавени случаи на семејно насилство, по што пет лица биле приведени.

0

Пет лица биле приведени во повеќе градови низ земјава по серија случаи на семејно насилство пријавени во текот на вчерашниот ден.

Во Охрид, 49-годишен државјанин на Србија бил уапсен откако, според пријавата, најпрво ја нападнал сопругата во угостителски објект, а потоа и во апартманот каде што престојувале.






Во кумановско село полицијата привела 45-годишен маж кој физички ја нападнал својата 18-годишна ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет. Подоцна во Куманово бил уапсен и 42-годишник поради напад врз сопствениот 20-годишен син.

Во Тетово, 29-годишен маж пријавил дека бил нападнат од својот постар брат во семејниот дом. Истата вечер, полицијата привела и 65-годишник од тетовско село по пријава дека физички ја нападнал својата ќерка и нејзиниот малолетен син.

Случај на семејно насилство бил пријавен и во Скопје, каде 79-годишен маж пријавил дека добивал закани од својот 49-годишен син, по што и тој бил приведен.

Надлежните институции работат на расчистување на сите случаи, а по нивното документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани содржини