БРАН ОД 7 МЕТРИ УРНАЛ ЗГРАДИ ВО ЛИБИЈА Се стравува дека 20.000 луѓе го загубиле животот во катастрофалните поплави во Дерна
Градот Дерна продолжува да брои мртви откако разорните поплави однесоа цели населби и оставија илјадници загинати. Повеќе од 5.300 луѓе загинаа по пукањето на двете брани што донесе разорни поплави. Најмалку 10.000 луѓе се водат за исчезнаа, а десетици илјади се раселени.
Шефот на либиската делегација на Црвениот крст, Јан Фридез рече дека ќе бидат потребни многу месеци, можеби и години, за жителите на Дерна да се опорават од обемот на штетата откако бран од 7 метри удри во северниот крајбрежен град.
– Оваа катастрофа беше силна и брутална. Бран висок 7 метри урна згради и инфраструктура во морето. Сега членовите на семејството се водат за исчезнати, мртвите тела испливуваат на брегот, а домовите се уништени – рече Јан Фридез.
Официјалниот претставник на ОН рече дека и источната и западната влада побарале меѓународна помош, меѓусебно се поврзуваат и ги координираат напорите за помош на жртвите од поплавите. Меѓународно признатата Влада на национално единство (ГНУ) се наоѓа на запад од земјата во Триполи, а паралелна администрација функционира на исток, вклучувајќи ја и Дерна.
Европската комисија најави испраќање помош од Германија, Романија и Финска за овој приморски град во источна Либија, каде ситуацијата е драматична. Европската унија деблокираше првична помош од 500.000 евра, а Обединетото Кралство најави 1,1 милион евра за задоволување на најитните потреби на населението погодено одкатастрофата.
Градот Дерна продолжува да брои мртви откако разорните поплави однесоа цели населби и оставија илјадници загинати. Повеќе од 5.300 луѓе загинаа по пукањето на двете брани што донесе разорни поплави. Најмалку 10.000 луѓе се водат за исчезнаа, а десетици илјади се раселени.
– Се стравува дека до 20.000 луѓе ги загубиле животите во катастрофалните поплави во Дерна – изјави градоначалникот на либискиот град.
Во интервју за саудиската телевизија Ал Арабију, тој изјави дека проценува дека 18-20 илјади луѓе загинале кога пукнале браните, по што цунамито повлекло цели населби во морето.