БРАКО НА САЕМОТ ЗА ИНДУСТРИЈА ВО ХАНОВЕР Фирмата извезува производи во околу 50 земји во светот
Брако има долгогодишно искуство и соработка со реномирани компании од Европа светот и извезува производи во околу 50 држави на сите континенти.
Брако ги претстави своите производни капацитети и можностите на фабриката на светски познатиот саем за индустрија кој се одржа во Хановер, Германија.
Директорот на секторот за тешки метални конструкции во Брако, Перо Колев, ги запозна заинтересираните деловни субјекти, присутни на саемот, со можностите кои ги нуди Брако во делот на производството, современата технологија од последната технолошка генерација и високотехнолошките производи од портфолиото на Брако.
„Брако има долгогодишно искуство и соработка со реномирани компании од Европа и од светот и извезува производи во околу 50 држави на сите континенти, а саемот беше одлична можност за воспоставување нови соработки и освојување нови пазари за компанијата“, се вели во соопштението од Фероинвест.
На саемот учествуваа околу 4.200 компании од областа на машинското инженерство, електричната и дигиталната индустрија и енергетиката, а најбројни беа компаниите од Европската Унија и од Централна и Југоисточна Азија.