„БРАКО“ ГО ОСВОЈУВА ПАЗАРОТ НА ТУРБИНИ Најсовремениот машински парк во земјава работи во полна пареа

Со овој вид производство во „Брако“ се отвораат нови работни места за оператори на CNC машини во кои се применува највисока технологија во машинската обработка која е најсовремена во светот.

320

„Брако“ годинава ќе произведе 6 нови Пелтон турбини. Производството на електрична енергија од обновливи извори е со забрзано темпо, а компанијата со најсовремен машински парк одговара на зголемениот интерес на западноевропските компании во доменот на енергетскиот сектор.

– Градејќи стратешки деловни односи, „Брако“ кон крајот на минатата година произведе 3 Пелтон турбини, а годинава работиме на 6 нови, за скандинавскиот пазар. Сите испорачани турбини се веќе пуштени во работа и работат беспрекорно – изјави Перо Колев, технички директор на Секторот за тешки метални конструкции.






Во наредниот период се очекува да се зголеми интересот за овој тип опрема поради моменталната ситуација во Европа и недостигот на заменска енергија што се потврдува со зголемениот број барања за понуди од реномирани западноевропски компании.

– Сите овие турбини се од Пелтон тип, кои може да бидат хоризонтални и вертикални и со најразличен капацитет зависно од барањето на клиентот. Овој тип турбини се изработуваат на два CNC управувани борвер машини кои се меѓу најголемите машини во овој дел на Европа и имаат можност за најразлична обработка и постигнување на бараната прецизност на нашите клиенти – додаде Славчо Митревски, одговорен на Секторот за машинска обработка во „Брако“ како дел од тимот млади и докажани инженери на раководни позиции.

Со овој вид производство во „Брако“ се отвораат нови работни места за оператори на CNC машини во кои се применува највисока технологија во машинската обработка, која е најсовремена во светот.

Поврзани содржини