БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН Овој модел ќе отвори уште повеќе пазари во светот

Моделот 720 ZE работи на електричен погон и e со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, поголем контејнерски простор, широка кабина за две лица, 360⁰ камера и оптимизиран начин на чистење.

839

БРАКО ќе претстави ново електрично возило од својот бренд Грин машинс на светскиот саем IFAT, кој следната недела ќе се одржи во Минхен.

Возилото е развивано две години од инженерскиот тим за развој на БРАКО/Грин машинс и е сосема ново техничко и функционално решение во програмата за производство на возила за одржување урбана хигиена.






Моделот 720 ZE работи на електричен погон и e со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, поголем контејнерски простор, широка кабина за две лица, 360⁰ камера и оптимизиран начин на чистење.

Се очекува новиот модел да отвори уште повеќе пазари во светот, каде се бараат возила за одржување хигиена од овој габарит и перформанси.

Моделот 720 ZE беше најавен како концепт на саемот IFAT во 2022 гoдина и тимот за развој планираше да го развие во следните две години, во што и успеа и создаде возило кое е целосно замислено, проектирано и произведено во погоните на БРАКО.

Возилото во завршна фаза беше претставено пред гостите на прославата на 20-годишнината на Феро инвест и БРАКО пред шест месеци, а сега во Германија ќе ја доживее својата светска промоција.

Поврзани содржини