„БРАКО“ ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА ДО 3000 ТОНИ МЕСЕЧНО ЖИЧАНИ ПРОИЗВОДИ Тоа е една од најголемите фабрики во регионот

Жичаните производи редовно се продаваат на територијата на поранешните југословенски републики, но и во Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Грција, Италија и Албанија.

68

Моменталното производство на жичани производи во „Брако“ изнесува 2000 тони месечно, а во следниот период се планира овој капацитет да го зголеми производството за 50% и да достигне до 3000 тони готови производи месечно, што го прави „Брако“ континуирано еден од најголемите производители на жичани продукти. Станува збор за сериско производство со врвна технологија чиј асортиман е 90% наменет за извоз.

– Веќе ги реализираме и најново договорените пласмани за Чешка и Италија, а добиваме барања и за испораки во Гватемала, Чиле, Франција и на Блискиот Исток – информира Љупчо Прентоски, директор на жичаното производство во „Брако“, кое опфаќа градежни и коилирани шајки, топло поцинкувана жица и нејзини преработки како универзално плетиво и бодликава, жарена и опружна жица.






Жичаните производи редовно се продаваат на територијата на поранешните југословенски републики, но и во Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Грција, Италија и Албанија.

Поврзани содржини