БРАКО ДОНИРАШЕ АПАРАТ ЗА ЕКГ ВО БОЛНИЦАТА ВО ВЕЛЕС На барање на болницата, итно е заменет расипаниот апарат со нов

БРАКО редовно го поддржува градот Велес со повеќе донации и спонзорства согласно потребите на граѓаните, како и други институции надвор од Велес.

615

Компанијата БРАКО донираше апарат за ЕКГ на Интерното одделение во болницата во Велес. Донацијата е на барање на болницата, која се обрати до БРАКО за помош за итна неопходна замена на расипано ЕКГ, како елементарно неопходно за нормално функционирање на болницата и за пружање услуги на пациентите.

Велешката фабрика веднаш излезе во пресрет и ја набави потребната апаратура, 12-канално ЕКГ, според спецификацијата доставена од здравствената институција.






Фото: Фероинвест

 

При испораката на ЕКГ-то, во име на БРАКО болницата ја посетија Благој Шалев и Ангел Анѓушев, кои заедно со директорот на болницата Александар Бузалков кусо присуствуваа на обуката на персоналот за користење на новата опрема, како и на ставањето во употреба на толку потребниот апарат за пациентите во Велес.

Фото: Фероинвест

 

БРАКО редовно го поддржува градот Велес со повеќе донации и спонзорства согласно потребите на граѓаните, како и други институции надвор од Велес.

Фото: Фероинвест

 

Што се однесува до здравството, БРАКО опреми со медицински мебел од сопствено производство еден кат на Абдоменална хирургија во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, додека на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје донираше медицински мебел за Ургентниот центар. Во моментов се изработува медицински мебел за Клиниката за Тораковаскуларна хирургија за донација преку ФЕРОИНВЕСТ.

Фото: Фероинвест

 

 

Поврзани содржини