Брачниот пар Јоксимовиќ потрошил 250.000 евра на автомобили: Имаат различен вкус

1,439

Српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ, и неговата сопруга, водителката и новинарка Јована, се познати како еден од најуспешните парови во Србија, но кога станува збор за автомобилите, тие имаат различен вкус. Тие секогаш избираат ист тип на возило, а пејачот претпочита лимузини, додека новинарката и нова уредничка на новинската агенција Танјуг, преферира џипови.

Така, Јована избрала бордо џип за 120.000 евра, а Жељко луксузна лимузина за 130.000 евра.






– Јована отсекогаш возела добри автомобили. И како девојка се трудеше да има скап автомобил, но и често ги менуваше со нови и подобри модели. Ист таков е и Жељко! Најважно за него е автомобилот да биде удобен затоа што тој често патува поради работата. Дури и кога има можност да оди со авион на концерти во странство, Жељко претпочита да патува со сопствен автомобил – изјавил близок пријател на Јоксимовиќ за српски „Информер“.

– Жељко не сака џипови, за него лимузината е најдобра. Отсекогаш возел само лимузини, и избира само сива или црна боја. За разлика од него, Јована претпочита џипови. Во последно време возеше почесто затоа што секој ден оди на работа во телевизијата К1, а синот Коста го вози на училиште. Нејзе ѝ е важно автомобилот да ѝ биде црвен или бордо боја – додал тој.

Јована го зачувала и својот стар џип, а пејачот ја продал двегодишната лимузина. „Информер“ објаснува дека не е необично тоа што парот има пари за луксузни автомобили, затоа што Јована го води „Јутарњи“ на телевизијата К1 и стана главен уредник на агенцијата Танјуг.

– Чест ми е што сум на чело на тимот на најдобрите новинари во земјата. Привилегија е да се добие можност да се продолжи традицијата од речиси 80 ​​години – рекла Јована кога го добила новото работно место во Танјуг.

Познатиот пејач и познатата новинарка се во брак од 2012 година и ги имаат синот Коста и близнаците Ана и Срна.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини