Брачна двојка лекари подготвува тужба против британската Влада

871

Брачна двојка лекари подготвува тужба против Владата на Велика Британија поради препораките за употреба на опрема за лична заштита во болниците за време на епидемијата на коронавирусот, соопшти денеска адвокатската фирма Биндманс.






Брачната двојка лекари, кои чекаат бебе, работеле со пациенти болни од ковид-19 и сега стравуваат дека важечките мерки за употреба на лична заштитна опрема, како и достапноста на оваа опрема не се адекватни на степенот на ризик со кој се соочуваат тие и нивните колеги во здравството.

– Загрижени сме поради се поголемиот број болни и починати медицински работници. Должност на Владата е да им пружи заштита. Медицинскиот персонал е многу загрижен поради безбедносните протоколи и процедури кои се менуваат без видливи причини и потреба – образложија сопружниците во нивната официјална изјава.

Поврзани содржини