Брачен пар го поминува карантинот со новата девојка! Сопругата воопшто не е љубоморна ФОТО

1,264

Иако на многумна изолацијата веќе им создава нервоза, на овие Британци карантинот очигледно не им е тешка работа.

Иако во некои од земјите изминативе недели рестриктивните мерки попуштија, во Велика Британија сè уште е а сила карантинот. Но, иако на многумина изолацијата веќе по малку им создава нервоза, на овие Британци не им паѓа нималку тешко.





Британецот Џон Кауфман и неговата сопруга Мелани, деновите во карантин ги скратуваат со нивната девојка Џуди Меј. Тие тројца се во врска од 2018 година, кога Џуди го напуштила мажот со кој била во врска и признала дека за своите сегашни партнери има длабоки чувства.

– Сексот ни е фантастичен. Повеќе работи можат да се допрат и видат. Џон е секс машина кој секогаш мора да задоволи две жени – рекла Мелани која не е воопшто љубоморна.

– Многу сме отворени кон своите тела и експериментирањето. Секогаш се трудиме сите тројца да бидеме вклучени во сексот, но доколку еден од нас не е – нема љубомора сѐ додека сето тоа останува во нашата врска – додава Британката за „Сан“ и напоменува дека иако некои тројки имаат отворена врска, тоа кај нив не е случај.

„Верни сме“, напоменала таа. Мелани истакнала и дека нејзините родители немаат ништо против оваа врска, додека родителите на нејзиниот сопруг, но и на нејзината девојка не се баш одушевени од нивниот однос.

 

FOTO: Instagram

Поврзани содржини