Основниот суд во Охрид им го продолжи притворот на Нефи Усеини и на неговиот брат Ибро за 30 дена поради опасноста дека ќе избегаат.
Претходно и Обвинителството кое поднесе обвинение за насилтво побара браќата да останат во притвор.
Охридскиот советник од редовите на ДУИ и бизнисмен, Нефи Усеини претходно понуди по 15.000 евра за двајцата како гаранција да бидат ослободени, која судо во Охрид ја прифати, но Апелацискиот суд во Битола ја отфрли.
Според обвинението, браќата го повикале оштетениот Спире Топалоски на средба во познат охридски хотел, но расправијата почнала уште во автомобилот со кој дошол Топалоски. Продолжиле на паркингот каде вербалната пресметка преминала во физичка.