Браќата Усеини нудат по 10.000 евра гаранција за да излезат од притвор

Браќата Усеини се во притвор од вчера кога сами ѝ се предадоа на полицијата после шестдневното бегство. Тие се товарат за насилство врз охриѓанецот Спирко Топаловски.

350

Советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, и неговиот брат Ибро Усеини кои што се во притвор нудат по 10.000 евра во кеш како судска гаранција за да им се укине мерката притвор или да им се замени затворскиот со домашен притвор.

Од Охридскиот суд не даваат повеќе детали дали и кога ќе одлучат, туку потенцираат дека станува збор за тековен случај и дека законските рокови ќе бидат испочитувани.






Браќата Усеини се во притвор од вчера кога сами ѝ се предадоа на полицијата после шестдневното бегство. Тие се товарат за насилство врз охриѓанецот Спирко Топаловски.

Поврзани содржини