📽️ БРАЌАТА НА ЈОКИЌ ДЕЛЕА ТУПАНИЦИ НА ТРИБИНИТЕ Скандалозно однесување на Страхиња и Немања, ниту сопругата на Никола не можеше да ги смири
Често во минатото браќата Јокиќ знаеја да направат проблеми на трибините. Влегоа во конфликти со публиката, но и со противнички играчи каде што лично сакаа да ја делат правдата.
Денвер нагетс во спектакуларен меч го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 101-99, а на паркетот повторно блесна Никола Јокиќ, додека на трибините главни беа неговите браќа.
Фановите кои беа сведоци на настанот успеаја да снимат краток клип. Страхиња и Немања имале вербална пресметка со еден навивач, а потоа постариот од браќата Јокиќ (Страхиња), прво го клоцна па му удри бокс на момчето.
Во позадина може да се види сопруга на Никола, Наталија која во рацете ја држи ќеркичката Огњена и се обидува да ги смири бесните браќа.
Сепак тие го избркаа момчето од трибините, а коментарот на видеото што се појави кажува се: „Браќата Јокиќ полудеа“.
Често во минатото браќата Јокиќ знаеја да направат проблеми на трибините. Влегоа во конфликти со публиката, но и со противнички играчи каде што лично сакаа да ја делат правдата.
Ќе видиме што ќе се случи. Поради ударот, Страхиња дефинитивно може да се соочи со правни проблеми бидејќи се работи за физички напад.
Колку и да е Никола НБА ѕвезда, полицијата во Соединетите Американски Држави си ја врши работата и сигурно ќе се најде под истрага.
Nikola Jokic’s older brother Strahinja threw a punch at a fan following the Nuggets’ 20-point comeback win vs. the Lakers 👀
(via cgallegos67/TT)pic.twitter.com/gjYzt7c1kE
— ClutchPoints (@ClutchPoints) April 23, 2024