Брајан Кренстон по оздравувањето од ковид-19: Носете ги тие проклети маски

430

Ѕвездата од ТВ серијата „На лош пат“ (Breaking bad), Брајан Кренстон им соопшти на своите обожаватели дека е излекуван од ковид-19 по што дарувал крвна плазма.

– Носете ги тие проклети маски! – порача глумецот притоа.






Брајан потоа им објаснуваше на следачите како изгледа процесот на дарување плазма, и како гледал стари филмови додека траела таа постапка.

– Имав среќа. Над 150.000 Американци починаа од ова – рече Кранстон.

Популарниот Волтер Вајт од легендарната серија, го заврши своето видео со повик да се дарува плазма и повторно ја истакна важноста на миењето раце, физичкото растојание и носењето маски.

Поврзани содржини