Брајан Адамс го обвинија за расизам: Поради алчните копилиња кои јадат лилјаци, сѐ е на чекање ВИДЕО
Музичарот Брајан Адамс е прогласен за расист откако на Твитер за ширење на коронавирусот ги обвини „алчните копилиња од влажните пазари кои јадат лилјаци“.
Канадскиот музичар го „истурил“ својот бес на Твитер, а кога ги видел коментарите, го избришал спорниот твит. Меѓутоа, на Инстаграм ја оставил истата порака.
Причината за неговата лутина е фактот дека од вчера требало да продолжи со својата турнеја, но поради моменталните околности е спречен во тоа.
„Денеска требаше да продолжам со концертите, но поради алчните копилиња од влажните пазари кои јадат лилјаци, целиот свет е на чекање, да не ги споменувам илјадниците кои боледуваа и починаа од коронавирусот“, напишал Адамс.
Попатно го промовирал веганството, начин на живот на кој тој се посветил.
„Мојата порака за нив, освен „е***о благодарам“ е – станете вегани“, заклучил музичарот.
„По ваквите глупости мило ми е што турнејата ти е откажана“, му порачал еден корисник на Твитер,
„Не можам да бидам твој обожавател после ова. Тоа е расисам, човеку“, додал друг негов обожавател.