Божиновски објави транскрипт како Заев и Верушевски јуниор прават дил да запрат бомбите: „Груевски е мртов Германец, да вадиш пушка џабе“

- Ако заминат од власт ќе се договориме за сѐ - му вели Заев на Верушевски кој му предлага да замрат бомбите, а потоа и кривичниот прогон против Заев, против мајка му и татко му на Александар, да легнат работите, како што вели, и да се оди на избори.

37,366

Новинарот Зоран Божиновски на својот Фејсбук профил објави транскрипт од разговор помеѓу Александар, синот на разузнавачот Зоран Верушевски и поранешниот опозиционер, а сега премиер Зоран Заев на средба која се случила во август 2016 година, на ручек во струмичкиот хотел „Парк“.

Божиновски кој најави и аудио снимка од разговорот вели дека Верушевски јуниор на ручек со Заев бил испратен од Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК , да разговара, да преговара и да договори идна соработка.
Една година пред овој разговор Мијалков поднесе оставка од директорската функција во УБК. 






„Договор е постигнат, таа соработка и денес, 4,5 години после таа средба е плодотворна во нивна корист, на наша штета…“, пишува  Божиновски.

– Ако заминат од власт ќе се договориме за сѐ – му вели Заев на Верушевски кој му предага да замрат бомбите, а потоа и кривичниот прогон против Заев, против мајка му и татко му на Александар, да легнат работите, како што вели, и да се оди на избори.

– Ако употребиме сѐ што имаме како опозиција, власта ќе продолжи да функционира,? вели Заев, а на тоа младиот Верушевски го прашува:

– За кого ќе го употребиш тоа?

– За Никола Груевски – вели Заев.

– Никола Груевски е мртов Германец, на мртов Германец да вадиш пушка џабе, губиш, како Зоран Заев, губиш – го советува Александар, синот на Зоран  Верушевски тогашниот опозиционер Заев.

Потоа, тој  потсетува како Заев му давал ветувања, со правење притисок преку бојкот на Собранието.

– Како ми викаше, не се враќаме во Собрание, се додека не излезат мајка ти, татко ти и брат ти. Така? Влезе во Собрание. И тука јас видов дека ти сакаш, али не можеш да го направиш – вели Александар Верушевски.

Поврзани содржини
na