БОЖИНОВСКА ЛИ Е КАБАЕТ ИЛИ ВИЦЕ, ЗОРАН ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ? Дали долг е кривично дело, или милионите на струмичани свртени преку РЕК?

СДС со лажните соопштенија и прес конференциите во прашална форма, во кои таргет е министерката за енергетика Сања Божиновска, не може да ги сокрие сериозните наводи за криминал во МЕПСО и ЕСМ, возвраќа ВМРО-ДПМНЕ на обвинувачките наводи од опозициската партија.

2,230

СДСМ веќе втор ден упорно сака да произведе афера со тврдењето дека актуелната министерка за енергетика Сања Божиновска останала должна на државната МЕПСО речиси 1 милион евра. За ова премиерот Христијан Мицкоски наводно молчи.

На ова ВМРО-ДПМНЕ возвраќа – од кога тоа долг на било која фирма е кривично дело и ако имало било што незаконско, што правеле СДС и ДУИ цели 7 години?






Во својот познат стил, со поставување реторски прашања, на кои делумно и самиот одговара, СДСМ го објави „скандалот“ дека преку своја фирма, Сања Божиновска останала должна на државната МЕПСО речиси 1 милион евра.

„Пред да продолжиме со објавување на скандалот ѝ даваме можност на Божиновска да излезе и јавно да каже, каде се еден милион евра? Дали се вратени или не?“, се вели во соопштението на СДСМ.

Според податоците на СДСМ, фирмата на Божиновска никогаш не ги вратила парите, што значи дека долгот останал. „Ако е така, мора итно да поднесе оставка“, тврди опозициската партија.

СДСМ тврди дека според анкетниот лист, Божиновска поседува недвижнини од речиси 1 милион евра, онолку колку што ѝ должи на државата. „Дали со овие пари набавила дел од недвижностите и становите?“, прашува партијата.

„Божиновска во кулоарите важи за блиска бизнис соработничка на Мицкоски во енергетиката, па прашуваме, какви бизниси сега планираат тие двајцата?“, се вели во заклучок на долгото соопштение на СДСМ.

На ова, како што вели „ чаршав соопштение“ на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со кратка и жестока репшлика:

„Прво, од кога тоа долг на било која фирма е кривично дело?

Второ, ако имало било што незаконско, што правеле СДС и ДУИ цели 7 години?

СДС е партија во раскол и конфликти. Но лажните соопштенија, прес конференциите во прашална форма, не може да ги заменат, ниту сокријат сериозните наводи за криминал во МЕПСО и ЕСМ. Ова е на дело паниката во СДС поради соочување со одговорност за тендерите во четири очи, за милионите свртени од фирмите на Вице Заев, Зоран Заев и процентите за Венко Филипче во РЕК“.

 

Поврзани содржини