БОЖИЌНАТА ШЕГА НА ЈОКИЌ МУ ЈА ПРЕТВОРИ СРАМНАТА СЦЕНА ВО ТРИУМФ Асот уште не сака да проба храна од „Тако бел“

Во 2014 година, наместо името на Јокиќ како селектиран во драфтот на НБА била прикажана реклама за брза храна. Години подоцна, со маичка и со шега кошаркарскиот ас се наврати на „неправдата“.

212

Никола Јокиќ, српскиот кошаркарски ас кој изгледа како да не му е гајле за слава уште еднаш покажа дека знае да го зграпчи вниманието на медиумите.

Пред неколку дена, Јокиќ пристигна на натпреварот на својот клуб Денвер Нагетс со скромна насмевка и едноставен џемпер, но со маица која предизвика лавина од реакции. На неа пишувало:






„Дајте му шанса на Цезар“.

Тоа е фраза што само вистинските познавачи на неговата приказна ја разбраа. Фразата „Дајте му шанса на Цезар“ е иронична игра со американската поп-култура. Таа алудира на брзата пица-марка „Little Caesars“, која, исто како и „Тако Бел“, е дел од корпорацијата Yum! Brands.

Но, каков проблем има Јокиќ со „Тако Бел“?

Во 2014 година, кога бил избран во НБА како 41.  пик по ред на драфтот, телевизиите во САД не ја прикажале неговата селекција. Наместо неговото име, одела реклама за познатиот ресторан за брза храна по име „Тако Бел“.

 

Тоа бил момент на симболично понижување: светот не го забележал, додека Јокиќ не ни бил присутен.

Денес, истиот тој човек е еден од најдобрите кошаркари на планетата. Трипл-дабл резултати, рекорди и титула на најкорисен играч во НБА. Но, она што повеќе фасцинира е начинот на кој се однесува — без ароганција, без театралност, само со тивка самодоверба.

Пред натпреварот, навивачите на Денвер добиле исти маици како неговата. На задната страна стоел натписот: „Сè уште не сакам да го пробам“, шеговита алузија на старата реклама што некогаш му ја „украла“ славата.

 

Овојпат, тој си ја врати славата. И тоа со стил.

На паркетот, Јокиќ одигра натпревар за паметење. Постигна над 50 поени, со двоцифрени скокови и асистенции – нешто што во историјата го имаат направено само неколкумина.

По мечот, на прашањето за маичката, рекол:

– Тоа е мала расправија што ја водиме – и се насмеал широко, знаејќи дека никој веќе не се сомнева во неговото место меѓу најдобрите.

 

Поврзани содржини