БОЖИЌЕН БАЗАР И ПОПУСТИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА Отворен трговскиот центар K MALL во Ѓорче Петров 

547

Општина Ѓорче Петров на 15 декември доби нов трговски центар K MALL кој со својата модерна архитектура и атрактивни содржини, прилагодени на потребите на современиот животен стил ќе го трансформираат начинот на живеење и пазарување на жителите на општина Ѓорче.

Со поздравен говор, огномет и сечење црвена лента се означи отворањето на трговскиот центар, по што потрошувачите имаа можност да ги искористат специјалните промоции во продавниците и да се забавуваат со богата музичка програма на Божиќниот базар. По повод отворањето три дена се одржуваа перформанси од музички изведувачи, диџеи и жонглери, како и активности посебно наменети за децата како настапи на „Златно славејче“, цртање на лице, ликовни, спортски и музички активности.






– Нашата цел е овој простор да стане вистинско срце на општината каде секој посетител ќе најде свое катче и простор за пазарење, релаксација и ќе мине убави моменти. Една вистинска мала оаза за забава и за опуштање што ни беше главна мисија уште од самиот почеток. K MALL нема да биде само трговски центар, туку и место за средба, социјализација и радост за жителите од сите генерации – рече во поздравниот говор управителот на „Кам Имобилиен“.

На отворањето се оддаде и посебна чест на идејниот творец на проектот, г-от Гоце Камчев кој за жал не е повеќе меѓу нас. Од управата споделија дека името и логото се во негова чест, а сите вработени во Камчев Груп заеднички продолжуваат да ја развиваат неговата идеја, мисија и визија.

Отворањето беше проследено со голем број активности, но новогодишните попусти и акции продолжуваат и ќе траат до крајот на годината. Сите потрошувачи имаат можност да го посетат Новогодишниот базар каде секој ден ќе најдат поинаква, богата содржина и ќе минат убав период во овој нов и модерен трговски центар.

Повеќе детали за програмата на Божиќниот базар на следниот линк.

Во самиот трговски центар засега се застапени: КАМ, Sport Reality, Sinsay, Office plus, LL Gourmet, Sara Fashion, Premio optics, a во план се и многу нови содржини и брендови како Зегин, Авиатор итн. K MALL е со севкупна површина од 21.000 м2 распределени во неколку нивоа со 240 паркинг-места, четири нивоа простории за изнајмување и три нивоа за административни и канцелариски капацитети. Во рамки на инвестицијата се отворени и 200 нови работни места, а во план е во иднина да се отвори и нов мол од ваков тип во центарот на Скопје.

Поврзани содржини