Босоногото момче кое танцува балет на дожд го воодушеви светот и доби стипендија (ВИДЕО)
Видеото на момчето Ентони Месоме Мадуа (11) што танцува балет стана популарно, но тој заработи и стипендија на престижната американска тринеделна виртуелна летна работилница.
Приказната за едно момче кое танцуваше балет на дожд и притоа беше снимено, го обиколи светот, но и докажа колку добро Интернетот може делува како средство за постигнување на одлични работи.
Видеото на момчето Ентони Месоме Маду (11) што танцува балет стана популарно, но тој заработи и стипендија на престижната американска тринеделна виртуелна летна работилница.
– Кога луѓето гледаат балет, тие мислат дека тоа е само за девојчињата, но не знаат дека не е само за нив. Сакам тие да ме гледаат како машки балетски танчер, да видам дека има машки балетски танчер. Танцувам балет затоа што го сакам. Чувството што го имам кога танцувам е како да сонувам – рече Ентони.
Ова видео го сподели неговото училиште за танцување наречено „Leap of Dance Academy“. Видеото наскоро стана вирално, има илјадници прегледи, лајкови и коментари. Се чини дека луѓето се апсолутно воодушевени од посветеноста и талентот на момчето.