БОСОНОГА И СО МАРАМА НА ГЛАВА Холивудската дива непрепознатлива! (ФОТО)

65-годишната актерска дива е видена во јавноста боса и со марама на главата додека ги извршувала секојдневните обврски.

1,471

Џина Дејвис е холивудска ѕвезда со богата актерска кариера која се протега речиси 40 години. Ja прославија улогите во филмовите „Телма и Луиз“, „Битлџус“ и „Лига од сопствените“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Walking Ell (@walking_ell)






Но, славната актерка изгледала речиси непрепознатливо за време на едно од ретките појавувања во Лос Анџелес.

65-годишната актерска дива е видена во јавноста боса и со марама на главата додека ги извршувала секојдневните обврски.

Џина последен пат беше видена во јавноста на специјалната јубилејна хуманитарна проекција на „Телма и Луиз“, заедно со колешката Сузан Сарандон (75).

Минатиот месец, „Пејџ сикс“објави дека актерката конечно ја завршила долгогодишната парница за развод со нејзиниот поранешен сопруг, д-р Рез Џарахи (50). Тој ѝ бил четврти сопруг, а заедно биле 16 години и имаат три деца.

Џарахи се обидел подеднакво да го подели имотот и старателството над децата, но Дејвис постојано создавала пречки. Актерката наводно одбивала да го дели нивниот имот и тврдела дека тие никогаш не биле во вистински брак, а го советувала својот поранешен сопруг „да се обрати кај адвокат“, открил извор близок до актерката.

„Реза се согласи да се спогоди само за конечно тоа да го остави зад себе и да се ослободи од тој кошмар што му го направи Џина“, открил изворот.

Двојката се разведе во 2017 година, по 16 години брак, а Џарахи поднесе барање за развод откако Дејвис го избрка од нивниот дом. Како причина за разводот тој ги наведе непремостливите разлики.

Реза Џарахи имал само 27 години кога во 1998 година на една забава ја запознал тогаш 42-годишнaтa Џина Дејвис, а се венчале во 2001 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Richard (@richardquartley)

Поврзани содржини