„БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Е ЧУДОВИШТЕ СОЗДАДЕНО ПРОТИВ СРБИТЕ“ Додик побара да им се врати Дејтонскиот договор
Соберете се, борете се, никој нема право да ја предаде Република Српска. Како претседател, нема да го дозволам тоа, ќе останам на патот на одбрана на Република Српска, рече Додик на одбележувањето на 30-годишнината од хрватската операција „Блесок“.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека Босна и Херцеговина е создадена за да го уништи српското национално битие и рече дека сега е моментот Србите да направат нешто за себе и дека никој нема право да ја предаде Србија.
– Босна и Херцеговина е чудовиште кое е создадено за да го уништи српското национално битие тука. Соберете се, борете се, никој нема право да ја предаде Република Српска. Како претседател на Република Српска, нема да го дозволам тоа, ќе останам на патот на одбрана на Република Српска – рече Додик на одбележувањето на 30-годишнината од хрватската операција „Блесок“.
Во оваа вовена операција беше изврен погром на 15.000 Срби од Западна Славонија, а беа убиени 283 Срби, меѓу кои и 12 деца.
Додик нагласи дека сега е време Србите да кажат – вратете ни го Дејтон и ние ќе останеме во Босна и Херцеговина, или во спротивно немаат шанса нивните потомци слободно да живеат во Босна и Херцеговина.
– За да не ни се случи повторно Славонија, Јасеновац, Брод на Дрина – нагласи Додик.
Тој додаде дека сега опасноста е огромна.
– Затоа нè тргаат настрана. Ако мислите дека Додик нема подобра работа за правење, сериозно се лажете. Само добивме малку одмор, само затоа што во Америка не победи структурата што веќе ќе нè исчистеше. Тие правеа сè систематски 30 години – рече претседателот на Република Српска.
Додик рече дека е горд на сегашното раководство на Република Српска, кое се бори за Србија.
– Останувам на патот на одбрана на Српска – порача Додик од Градишка.