БОСАНСКИОТ „ЛОНЕЦ“ Е ПРЕД ЕКСПЛОЗИЈА Три региони во Европа се критични
Кревката структура може да биде нарушена од националистичките расположенија во различни делови на БиХ.
Во францускиот весник „Уест Франсе“ беше објавена анализа посветена на критичните точки во Европа. Акцент е ставен на регионите во кои наскоро да дојде до вооружени судири, а како особено критична е оценката за актуелната состојба во Босна и Херцеговина.
Според наводите на авторот на статијата, Фабиен Казенава, во Европската Унија последните недели сè повеќе се стравува дека на прагот на континентот ќе избие вооружен судир – ситуацијата во регионот се разгорува поради илјадниците мигранти од Јужен Курдистан кои се собираат на границата меѓу Полска и Белорусија.
Варшава не ги пушта бегалците од Блискиот исток на територијата на Европската унија, потсетува новинарот и додава дека Полска на своите источни граници распоредила околу 15.000 војници кои им пружаат поддршка на граничарите и полицијата. Според зборовите на Казенава, страните меѓусебно се обвинуваат за мигрантската криза, а “радикализацијата на учесниците во конфронтацијата може да доведе до случаен инцидент со полските, литванските, летонските или белоруските војници”.
Новинарот е убеден дека уште една точка на интензивни тензии на картата на Европа е границата меѓу Русија и Украина. Според неговите зборови, во случај на војна во Донбас, Москва може да застане на страната на Доњецката и Луганската народна република (ДНР и ЛНР).
Во сценариото кое е “катастрофално по Киев, руската војска, смета Казенава, ќе формира тампон зона не само за заштита на Доњецк и Луганск, туку и за безбедноста на Крим.
Постои загриженост и поради можна граѓанска војна во Босна и Херцеговина. Според зборовите на авторот на статијата, во 1995-та година крвопролевањето било сопрено со Дејтонскиот договор кој ја поделил државата на Федерација БиХ и Република Српска, меѓутоа, таа кревка структура може да биде нарушена од националистичките расположенија во различни делови на земјата, заклучува новинарот.