Лејла Хајровиќ е една од најпознатите инфлуенсерки на Балканот, а оваа дама често ја нарекуваат и босанската Ким Кардашијан или босанската Викторија Бекам, поради луксузниот стил на живот и опседнатоста со брендирани парчиња облека.
Лејла, инаку сопруга на фудбалерот од Динамо, Изет Хајровиќ, на Инстаграм ја следат речиси 270.000 луѓе, а таа главно пласира содржина поврзана со модата во која неописливо ужива.
Атрактивната русокоса слепо ги следи трендовите, а посебен пик има на скапите дизајнерски парчиња, па не е невообичаено да биде облечена во брендирана облека од глава до пети.
Таа редовно споделува со следбениците разни нејзини модни изданија, а неодамна одговорила и на нивните бројни прашања. Одговарајќи на прашањата открила дека симнала доста вишок килограми.
„Ослабев преку 10 килограми. Колку имам во моментот, не знам, искрено. Овој карантин веројатно ме врати малку наназад“, напишала Лејла, која последните недели активно се фали со својата нова линија на социјалните мрежи.
Таа направила уште една промена – решила да се ослободи од долгите екстензии и да ѝ се врати на својата природна фризура – боб, а од фановите не штедат пофални зборови за неа.
Исто така, на Инстаграм-стори покажала и што јаде.