Босанец во Аризона излечен од Ковид-19 со вештачка оксигенизација на крвта

3,006

Босанецот Енес Дедиќ, 53, кој живее во Феникс, Аризона, САД, е еден од првте пациенти заболени од ковид-19 во светот излечен со терапијата ECMO – extracorporeal membrane oxygenation (ECMO), пишува USA Today.

Со оваа метода се оксигенизира крвта на пациентот надвор од неговото тело, бидејќи неговите бели дробови не можат да ја извршат таа функција. Крвта од пациентот се уфрла во надворешни вештачки бели дробови, кои го отстрануваат јаглерод диоксиодот и додаваат кислород, по што крвта се враќа во телото на пациентот.






Смртноста кај пациентите кои се лечат со ECMO методата е околу 40 отсто. Лекарите што го лекувале Дедиќ сметаат дека тоа е исклучително висока стапка на смртност, па затоа оваа терапија се користи само кај пациентите како последна надеж за преживување. Стапката на смртност кај пациентите приклучени на механичка вентилација е многу повисока и таа во многу земји достигнува и преку 90 отсто.

Пред да биде вклучена новата терапија, Дедиќ се лечел со повеќе лекови – хидроксихлороквин, азитромицин, калетра, ацтемра, антибиотици и антиифламатори. Ништо не помогнало, па д-р Роберт Рајли се определил за хируршка процедура за ECMO.

– Во тој момент, за пациентот изборот беше ECMO или смрт – изјавија лекарите.

За среќа, Енес се разбудил по десетдневна кома. Од понеделникот дишe самостојно и официјално е нагативен на коронавирусот, пренесуваат nekoi балкански медиуми.

На фотографијата: Пациентот Енес Дедиќ и неговиот лекар др. Роберт Рајли (courtesy of HonorHealth)

 

Поврзани содржини