🎥 БОСАНЕЦ СИ ГО ПАРКИРА „ФЕРАРИТО“ НА ТЕРАСА ВО ВИЕНА!? Многу си го сака автомобилот или си игра мајтап со Австријците?
Имам неколку автомобили, но за жал не добив уште едно паркинг-место во гаражата - вели Дезиќ, млад бизнисмен од Босна кој живее во Виена.
„Летечко ферари“ неодамна предизвика чудење во една новоизградена станбена зграда во виенскиот кварт Флоридсдорф. Болидот вреден 400.000 евра најпрво се нашол во средината на внатрешниот двор, а потоа бил дигнат на балконот од еден стан – со помош на моќен кран, пишува австрискиот портал „Heute“.
Австрискиот медиум успеал да го пронајде и сопственикот на скапото возило, Амар Дезиќ (28), млад бизнисмен од Босна кој живее во Виена.
– Имам неколку автомобили, но за жал не добив уште едно паркинг-место во гаражата – вели Дезиќ, кој повеќе сакал својот нов ферари да го паркира внатре, за да биде заштитен од ветер, временски непогоди и вандали, отколку на улица.
Минатата недела Дезиќ ангажирал камион со кран и ја спровел својата идеја во дело, пред во Виена да пристигнат снег и мраз. Тоа предизвикало чудење кај соседите, но освен тоа веднаш штом болидот тежок 1,5 тон бил „паркиран“ на раскошната тераса, му се јавиле управникот на зградата и градежната инспекција и возилото морало да биде тргнато.
Во петокот околу пладне пристигнало специјализирано возило за отстранување, а спортскиот автомобил внимателно бил спуштен од терасата. Работите траеле околу половина час, а работниците морале да изведуваат милиметарски прецизни маневри за да спречат оштетување на скапоцената машина.
Она што нас како балканци ни падна во очи е името на службата за подигање возила – „Паук“, кое на снимките е убаво снимено од разни агли, така што многу веројатно станува збор за досетлива и бесплатна реклама на младиот босански бизнисмен.
View this post on Instagram