Приведен e криумчар на мигранти, кај кого се пронајдени 15 лица од Кина, соопшти полицијата.
Вчера, на 28 август во 22.45 часот на граничниот премин „Богородица“, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едно е малолетно лице.
Известен бил јавен обвинител од Скопје и поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл. 418-б ст.4, а во врска со ст.2 од Кривичниот законик, против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.