БОРУСИЈА ДОРТМУНД ПРВ ФИНАЛИСТ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Го елиминира ПСЖ на сред Париз

За Борусија ова е прво финале во Лигата на шампиони по пауза од 11 години.

215

Фудбалерите на Борусија Дортмунд се пласираа во финалето на Лигата на шампиони, откако вечерва триумфираа во Париз над ПСЖ со 1-0 (0-0) и со вкупен резултат од 2-0 го елиминираа францускиот првак во првата полуфиналната пресметка.

Победата на Борусија на реваншот ја донесе ветеранот Матс Хумелс со погодокот во 50 минута.






Фудбалерите на ПСЖ дури четирипати ја погодуваа рамката на голот на Борусија, но претрпеа елиминација без постигнат гол во двете пресметки со германскиот тим.

За Борусија ова е прво финале во Лигата на шампиони по пауза од 11 години.

Дуелот за трофејот на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон може да донесе германско финале доколку Баерн Минхен успее утревечер да го елиминира Реал Мадрид.

Првиот натпревар во Минхен заврши нерешено 2-2.

Поврзани содржини