БОРУСИЈА ЈА ИМАШЕ ТИТУЛАТА ВО РАЦЕ, НО БАЕРН Е ШАМПИОН 11 ПАТ ПО РЕД! Катастрофа во Дортмунд, „милионерите“ гледаа како трофејот им бега!

На Борусија за да дојде до трофејот и требаше победа, или Баерн да не освои три бода, но тоа не се случи и една од најнеизвесните сезони во Бундеслигата заврши со среќен крај за Баварците.

275

Баерн Минхен по 11-ти пат во низа стана шампион во германската Бундеслигата. Ова е епилогот по завршувањето на последното коло оваа сезона.

Борусија Дортмунд попладнево одигра нерешено 2:2 со Мајнц на домашен терен во натпреварот од 34. коло, додека Баерн со гол во 89.минута славеше победа со 2:1 на гостувањето кај Келн.






На Борусија за да дојде до трофејот и требаше победа, или Баерн да не освои три бода, но тоа не се случи и една од најнеизвесните сезони во Бундеслигата заврши со среќен крај за Баварците.

Баерн стана шампион на Германија со 71 бод на 34 натпревари. Борусија Дортмунд е на второто место со исто толку бодови и послаба гол-разлика.

Од лигата испаѓаат Шалке и Херта

Поврзани содржини