Борко Ристовски: Ова е брука, јас се залагам за спорт, а не за политика

3,190

Борко Ристовски, отворено ги критикуваше случувањата на денешното изборно собрание на МОК и изборот на Даниел Димевски за претседател, пишува Екипа.

„Чест ми е што сум во просторија со успешни спортски работници. Чест ми е што легенди како Перо и Тоше се тука. Јас сум само гостин и затоа ќе се извинам за моето излагање. Искрено мислам и Тупурковски и генералниот секретар и директорот, не заслужува Македонија ваков избор. Немате ни половина од овие луѓе и да дозволите да бидете избрани е брука за спортот и за вас како спортски работник. Немам ништо лично против вас, туку против тоа што го претставувате во спортот. Вие велите Зикова не ги исполнува условите, а ја имам инфо дека и вие не ги исполнувате, девет години бевте претседател од кои само три активен. Ќе се видиме каде сакате да разговарраме за ова со докази. Барам да има ново собрание на кое ќе присуствуваат сите федерации. Мене ми е искрено жал што легенди како Тоше, Перо и Наумче се дел од цело сценарио. Се надевам дека сите ќе застанат зад спортот, а не зад политиката. Јас се залагам за спорт на спортисти не ми интересира никаква политика“, изјави Ристовски, предизвикувајќи бурни реакции кај дел од присутните.

 

Поврзани содржини