Бугарскиот премиер Бојко Борисов со звуците на песната на Александар Митевски и Драган Спасов – Дац „Корона Чао“ вози по автопат. Тој видеото го објави на својот Фејсбук профил. Борисов возејќи во ритмот на „Корона Чао“ на совозачот му објаснува дека тоа е македонска песна направена против коронавирусот.
– Само со сопствени сили, дух и дисциплина ќе го пребродиме коронавирусот. Благодарност до сите бугарски граѓани кои ги почитуваат правилата. Само така ќе се вратиме на нормалниот живот. Благодарност до Александар Митевски и Драган Спасов – Дац. Северна Македонија може да смета на нашата поддршка, напиша Борисов.