БОРИСОВ ВЕЛИ ВРЕМЕ Е ЗА ОТСТАПКИ Македонија и Бугарија треба да преземат чекори за одблокирање на процесот

Еве, сега сме подготвени, тие да направат отстапки, нашата Влада да направи отстапки, да поминат во Собранието и ќе ги поддржиме, вели Борисов.

1,841

Поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов му го честиташе изборот на Кирил Петков за премиер на Бугарија, и се понуди да му биде од располагање. Борисов оцени дека и за Бугарија е подобро Македонија и Албанија што поскоро да бидат членки на Европската унија, но додаде дека пред тоа е неопходно да се исполнат одредени услови.

– Ние им кажавме на нашите соседи, постојат две-три теми – малцинствата, промената во Уставот и изјаснување на историјата. Кога ќе ги решите ќе продолжите напред. Ние по никаков начин не ги запираме, но како да им кажеме „повелете во Европската унија“, па потоа да ја наполниме Унијата со проблеми за кои не се разбираме. Затоа ги забавивме. Еве, сега сме подготвени, тие да направат отстапки, нашата Влада да направи отстапки, да поминат во Собранието и ќе ги поддржиме – вели Борисов во неговото интервју за 24 часа.

 

Поврзани содржини