Борисов се јави на распит во полиција, се заканувал дека ќе изеде некого (ВИДЕО)

Неговиот адвокат додаде дека „станува збор за исмислици од пред 13 години“.

478

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов се појави во Генералниот директорат на Националната полиција. Пред него го чекаа демонстранти од неговата партија, кои скандираа додека беше на полициски распит.

Поранешниот премиер го коментираше случајот што се појави во Централната изборна комисија во врска со неговото барање да не биде прогласен за член на новото 46-то Национално собрание.






Во врска со сигналите за кои беше повикан да сведочи, водачот на ГЕРБ рече дека тие се засноваат на принципот „некој нешто слушнал, некој нешто кажал“. Тој појасни дека станува збор за настани од 2009 и 2012 година и закани дека ќе изеде некого.

– Сите работи беа – некој нешто слушнал, некој нешто зборувал, изјави Борисов по напуштањето на зградата на полицијата.

Неговиот адвокат додаде дека „станува збор за исмислици од пред 13 години“.

Пред зградaта на полицијата тој беше пресретнат од свои симпатизери кои скандираа во негова поддршка.

Поврзани содржини