Борисов: Русија е подготвена за нов договор со Турција за С-400

215

Русија е подготвена да потпише нов договор за испорака на ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 на Анкара, доколку Турција изрази таква желба, изјави денеска рускиот вицепремиер Јуриј Борисов.

Тие имаат таква опција и ние ќе склучиме договор, доколку изразат желба – рече Борисов.






Во септември 2017 година, Русија соопшти дека потпишала договор со Турција во вредност од 2,5 милијарди американски долари за испорака на противвоздушни ракетни системи С-400 на Анкара. .
Турција е првата членка на НАТО што набавува вакви системи од Русија, а испораката на С-400 до Анкара започна на 12 јули 2019 година.

Сепак, одлуката на Турција за набавка на руски ракетни системи С-400  земја- воздух наиде на остри негативни реакции од САД и НАТО.

Поврзани содржини