Борисов: Платеници како демонстранти бараат бесилки и кофчези за владата

Борисов вели дека досега немало случај на демонстранти кои не биле сослушани и нивниот проблем не бил решен. Но, оние провокатори фрлаа петарди и флеш бомби кон полицијата, ја кршеа Софија и меѓу нив има платеници, не треба да се мешаат едни со други.

469

Бугарија е единствената земја во која работи се и луѓето не чувствуваат дека се во пандемија. БСП сака избори, но тие не можат да организираат дури ни внатрешни избори, кажа денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов од Крџали, јави БГНЕС.

– Отсекогаш сум велел дека ги почитувам протестите на луѓето. Досега немало случај на демонстранти кои не биле сослушани и нивниот проблем не бил решен. Но, оние провокатори фрлаа петарди и флеш бомби кон полицијата, ја кршеа Софија и меѓу нив има платеници, не треба да се мешаат едни со други – рече Борисов.






Премиерот не сакаше да одговори на прашањето која мафија ја бара неговата оставка, како што сам кажа пред неколку дена.

– Ќе бидам среќен да ги искоментирам протестите доколку една вечер зборува лицето кое ќе биде нивен министер за социјални работи, друга вечер министер за финансии, а потоа со право да се споредува со нас. Ќе речеме – дојдете, владејте. Како ќе владеат, освен што знаат да бараат бесилка и ковчези –  се запраша Борисов.

Според Борисов, Бугарија е единствената земја во која работи се и народот не чувствува дека е во пандемија.

Осврнувајќи се на настаните од 2 септември бугарскиот премиер кажа дека тој ден полицијата била нападната со бес.

– Разбирам дека сакате да не вклучите во полициско насилство, но овој пат полицијата беше нападната, рече премиерот за насилниот протест од 2 септември – пренесе БГНЕС.

Поврзани содржини