Борисов не носел маска во црква, но казната од 500 евра ќе ја плати Владата
Регионалниот здравствен инспекторат во Ловеч ќе изрече казна од 1.000 лева, односно 500 евра, за администрацијата на Владата, затоа што организаторот на посетата дозволил да се прекршат правилата за заштита од ковид-19.
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, бил во црква без а стави заштитна маска на лицето, но казната од 500 евра нема да ја плати тој, туку бугарската Влада, објави бугарскиот весник „Дневник“.
Во текстот е наведено дека Регионалниот здравствен инспекторат во Ловеч ќе изрече казна од 1.000 лева, односно 500 евра, за администрацијата на Владата, затоа што организаторот на посетата дозволил да се прекршат правилата за заштита од ковид-19.
„На 28 септември, во новата црква ‘Свети Кирил и Методиј’, премиерот Бојко Борисов ја прекрши обврската изречена со наредба на министерот за здравство за покривање на носот и устата на јавни места во затворени простории во Бугарија. Сепак, казната не е за него лично, а аргументот на шефот на здравствената инспекција е дека одговорноста е на организаторот на посетата, кој дозволил да се прекршат правилата“, пишува бугарскиот весник.