БОРИСОВ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ДО ЗАЕВ Го уверив дека преживеаните ќе добијат најквалитетна нега

Борисов изрази уверување дека надлежните институции ќе ги утврдат причините за несреќата.

156

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов му изразил сочувство на премиерот Зоран Заев по повод тешката сообраќајна несреќа во која 46 луѓе ги загубија животите.

„ Телефонски разговарав со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев. Изразив сочувство за загинатите граѓани на неговата земја во сообраќајната несреќа на автопатот Струма, напиша на Фејсбук Борисов.






Тој изрази уверување дека надлежните институции ќе ги утврдат причините за несреќата.

Борисов исто така го уверил Заев дека настраданите кои се хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија ќе ја добијат најквалитетната медицинска нега.

Поврзани содржини