БОРИСОВ ИЗНЕНАДЕН ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ПРЕТЕНЗИИ КОН БУГАРИЈА Ниеден македонски политичар не си дозволи да каже такво нешто

Толку години пред мене ниту еден македонски политичар не си дозволил да каже такво нешто – дека се откажуваат и (дека) нема да имаат територијални претензии кон Бугарија, изјави Борисов за време на посетата на Силистра.

1,383

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов е изненаден и дури вчера дознал „оти Република Северна Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија“, јавува МИА.

– Толку години пред мене ниту еден македонски политичар не си дозволил да каже такво нешто – дека се откажуваат и (дека) нема да имаат територијални претензии кон Бугарија – рече тој.






Борисов потсети и дека Бугарија прва ја поддржа Република Северна Македонија за влез во НАТО, прва ја призна нејзината независност и дека сака таа да влезе во ЕУ.

Поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата парламентарна опозициска партија, Бојко Борисов, за време на посетата на Силистра, коментираше дека се важни историските прашања, историјата, работата на учебниците, натписите и спомениците.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов потсети на напорите на Бугарија направени уште од времето на претседателот Жељу Желев до потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, поддржан од сите политички партии во Бугарија. Во него, според Борисов, е кажано што треба да се направи и какви комисии треба да има.

Поврзани содржини