Борисов: Интерконекторот со Грција ќе биде готов на 30 декември

Вкупната должина на гасоводот е 182 километри, од кои 150 километри се на бугарска територија.

434

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, денеска соопшти дека интерконекторот со Грција ќе биде готов на 30 декември 2021 година, од кога земјата ќе може да прима и транспортира гас од терминалот за течен гас во Александрополис, во Грција, каде таа поседува 20 отсто од вредноста на проектот, што е од клучно значење во рамките на иницијативата Три мориња.

Борисов денеска го посети делот од трасата каде гасоводот ќе ја минува реката Марица.






Градежните работи на гасното поврзување на Бугарија со Грција напредуваат, бидејќи во моментот на трасата се растоварени 150 километри од цевките, како подготовка за следните активности. Досега се заварени 120 километри цевки, а 70 километри се поставени во ров. Вкупната должина на гасоводот е 182 километри, од кои 150 километри се на бугарска територија.

Според дополнителниот договор потпишан со изведувачот АВАКС, компанијата треба да се придржува до ажурираниот распоред за работа – гасоводот да биде изграден до крајот на 2021 година. Изградбата продолжува според првично договорената фиксна цена од 144,8 милиони евра.

Проектот за изградба на интерконекторот Грција-Бугарија е клучен за Бугарија и регионот поради стратешкото значење за обезбедување диверзификација на изворите и рутите на снабдување со природен гас. Проектот овозможува подобрена енергетска поврзаност во Југоисточна Европа, бидејќи се развива во синергија со други големи постојни и планирани проекти, како што се терминалите за гасоводите ТАП и ЛНГ во близина на Александрополис, каде бугарската држава е целосен акционер.

Поврзани содржини