Борисов фотографиран додека спие, а на масата стои пиштол ВИДЕО

Борисов не негира дека бил снимен додека спие, но објаснува дека предметите на другите фотографии биле намерно поставени. Како што истакна, во неговата спална соба има сеф и има потреба да чува пари.

3,441

Бугарските медиуми споделија фотографии од премиерот Бојко Борисов како спие во својата спална соба. Како што може да се забележи од фотографиите, премиерот спие, а на една од наткасните до креветот стои пиштол, пари и злато.

Борисов тврди дека зад фотографиите стојат неговите политички противници, а како што додаде, нивната цел е да го уништат.






Тој го обвини претседателот Румен Радев дека го снимал со дрон кој го добил како подарок од Кина.

Борисов не негира дека бил снимен додека спие, но објаснува дека предметите на другите фотографии биле намерно поставени. Како што истакна, во неговата спална соба има сеф и има потреба да чува пари.

Поврзани содржини