Борисов: Дали Австрија и Германија спорат за јазикот? И ние не спориме со вас
Го признаваме јазикот кој е според вашиот Устав, вели Борисов.
Ние не ве спречуваме да зборувате на каков сакате јазик.Ние си имаме бугарски јазик и си зборуваме на бугарски јазик. Вие како сакате зборувајте си. Ваша работа е не се мешам во тоа. Го признаваме јазикот кој е според вашиот Устав, но дајте историчарите да дадат текст кој ќе биде прифатлив за двете страни, изјави буграскиот премиер Бојко Борисов во интервју за ТВ Сител во врска со барањето на бугарската страна во европските документи да стои официјален јазик на РСМ, наместо македонски јазик.
– На каков јазик разговараме ние сега? Преведувач кај тебе има ли, дали има кај мене преведувач? Го признаваме јазикот кој е според вашиот Устав. Видете јас пак ќе кажам Австрија и Германија дали спорат за јазикот? Ама и ние не спориме со вас. Ние си зборуваме еден ист јазик, се се движи… добро се движи. И сега вие сакате од тоа да правиме тема – вели Борисов.
На коментарот зошто Бугарија инсистира во европските документи за јазикот да стои официјален јазик на РСМ, а не македонски јазик, Борисов рече дека треба да се остави историчарите да дадат прифатлив предлог за двете страни.
– Видете и во Бугарија има многу луѓе кои сметаат дека тоа е отстапка од нашата историја. Дека тое е отстапка и буквално предавство на историјата.Така што, и вие треба и мене да ме разберете и да ја разберете и нашата политика. Мој најпријателски совет е. Ве поддржавме за НАТО со две раце. Мислам дека бевме први. Ако не сме први тогаш сигруно сме втори. Ве поддржавме за ЕУ. Повторувам. Ајде историчарите да дадат текст кој ќе биде прифатлив за двете страни. Инаку нема како. И во Бугарија има многу противници, особено за вакви теми – вели Борисов.
Тој додаде и:
– Ние не ве спречуваме да зборувате на каков сакате јазик. Ние си имаме бугарски јазик и си зборуваме на бугарски јазик. Вие како сакате зборувајте си. Ваша работа е не се мешам во тоа.