„БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ПОВТОРНО СЕ ОТВОРА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА Притисокот за имунизација ја става во функција помалата сала
ќе има околу 20 места каде што ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растовари метежот и редовите коишто ги имаме пред здравствените домови, рече Филипче.
Вип Арената „Борис Трајковски“ повторно ќе се претвори во пункт за вакцинација. Министерот за здравство Венко Филипче денеска во изјава за медиумите рече дека сега нема да се користи големата сала како на почетокот на вакцинацијата.
– Имајќи го предвид притисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата „Борис Трајковски“ зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20 места каде што ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растовари метежот и редовите коишто ги имаме пред здравствените домови – рече Филипче.