БОРИС ЏОНСОН ЗАГРИЖЕН ПОРАДИ ОМИКРОН Ситуацијата во земјата е исклучително тешка
Морам да и кажам на британската јавност, и тоа им го порачувам на сите, дека нема да ја исклучиме можноста за воведување нови мерки за заштита на народот, изјави Џонсон по состанокот со членовите на Владата.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ги разгледува сите можности да ја држи под контрола варијантата омикрон на коронавирусот бидејќи ситуацијата во земјата е исклучително тешка, нагласувајќи дека се потребни нови мерки.
– Морам да и кажам на британската јавност, и тоа им го порачувам на сите, дека нема да ја исклучиме можноста за воведување нови мерки за заштита на народот – изјави Џонсон по состанокот со членовите на Владата.
Тој, исто така, истакна дека ситуацијата во земјата е „исклучително тешка“, а бројот на хоспитализирани лица заразени со коронавирусот во Лондон рапидно расте.
Коментирајќи ги шпекулациите дека владата ќе усвои мерки кои ќе го забранат дружењето во затворени простории и ќе го ограничат туризмот, Џонсон рече дека се разгледуваат сите можности со цел омикрон да се држи под контрола, така што не се исклучува ништо“.