Борис Џонсон се вакцинира со АстраЗенека

Буквално не почувствував ништо. Беше многу добро, многу брзо, рече Џонсон по инјекцијата во лондонската болница Сент Томас.

324

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа ја прими првата доза на вакцина против ковид-19 на АстраЗенека и ги повика луѓето да го следат неговиот пример.

Педесет и шестгодишниот Џонсон беше вакциниран во истата болница каде минатата година беше на одделот за интензивна нега откако беше заразен со коронавирусот.






– Буквално не почувствував ништо. Беше многу добро, многу брзо.Кога секој од вас ќе биде известен да оди да се вакцинира, ве молам, одете и направете го тоа. Ова е најдоброто нешто за вас, најдоброто нешто за вашето семејство и сите други, рече Џонсон по инјекцијата во лондонската болница Сент Томас.

Борис Џонсон беше вакциниран на денот кога европските земји ја продолжија употребата на вакцината АстраЗенека, откако регулаторот на лекови за ЕУ ​​објави дека придобивките од вакцината ги надминуваат сите ризици.

Поврзани содржини