БОРИС ЏОНСОН ГО ГОНАТ ЗА КОРОНА ЗАБАВИ На својот роденден се журкал само 10 минути на Даунинг стрит

538

 

Полицијата во Лондон не го испрашуваше британскиот премиер Борис Џонсон за серијата забави во неговата резиденција на Даунинг стрит за време на локдаунот, изјави денеска неговиот портпарол.

Тој додаде дека кабинетот на Џонсон сè уште не го добил извештајот од внатрешната истрага за можни прекршувања на изолацијата, спроведена од високиот државен службеник Сју Греј.

Премиерот Џонсон денеска изјави дека интерниот извештај во целост ќе го објави кога ќе биде готов.

Британската полиција во вторникот соопшти дека ги истражува наводите за серија настани одржани во канцелариите на премиерот Борис Џонсон во Даунинг стрит за време на заклучувањето, откако добила докази од внатрешна владина истрага.

Кабинетот на Џонсон оспори дека била организирана забава и за ИТВ Њуз изјави дека група вработени кои тој ден биле на работа во резиденцијата на премиерот на кратко се собрале во неговиот кабинет по состанокот за да му го честитаат роденденот, а „тој се задржал помалку од десет минути“.

 

Поврзани содржини